Скопје доби хипермаркет „Mr.Bricolage“

Bez autora
Mar 28 2012

Хипермаркетот „Mr.Bricolage" во среда попладне свечено беше пуштен во употреба, во присуство на претседателот Ѓорге Иванов, скопскиот градоначалник Коце Трајановски, менаџментот на компанијата и бројни гости. Во изградбата на овој хипермаркет се инвестирани 1,5 милиони евра, а тој е 80-сети што се гради надвор од Франција. Со изградбата на овој хипермаркет, се обидовме да ја донесеме Европа во Македонија. И во новиот ГУП се предвидени многу локации за изградба на трговски центри, кои ќе овозможат влез на странски инвеститори. Ланецот „Mr.Bricolage" во европски рамки брои 900 маркети, со 650 продажни точки.

Скопје доби хипермаркет „Mr.Bricolage“Хипермаркетот „Mr.Bricolage" во среда попладне свечено беше пуштен во употреба, во присуство на претседателот Ѓорге Иванов, скопскиот градоначалник Коце Трајановски, менаџментот на компанијата и бројни гости.

Во изградбата на овој хипермаркет се инвестирани 1,5 милиони евра, а тој е 80-сети што се гради надвор од Франција.

„Со изградбата на овој хипермаркет, се обидовме да ја донесеме Европа во Македонија", изјави на свеченоста пред отворањето Благој Пискачев, генерален менаџер на компанијата во Македонија.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски рече дека и во новиот ГУП се предвидени многу локации за изградба на трговски центри, кои ќе овозможат влез на странски инвеститори.

Ланецот „Mr.Bricolage" во европски рамки брои 900 маркети, со 650 продажни точки.

Во „Mr.Bricolage" во Скопје, купувачите ќе имаат широк избор од дури 30 илјади артикли распоредени на површина од 3.000 квадратни мерки во категории како електрика и расвета, aлати и железарија, градежништво, декорација, бои и лакови, сè за бањата, керамички плочки, дрво , подови и подни облоги, сè за уредување на градината и др. Сите производи се внимателно одбрани така, да со своите карактеристики ги задоволуваат стандардите за квалитет по добри цени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik